Виолетови велигденски јајца со уникатен шарм: Целосно природно бојадисување со помош на една единствена состојка

Фарбањето јајца е омилен велигденски обичај на многумина.
За среќа, техники за бојадисување и шарање има многу, па секоја година можеме да пробаме нешто ново.
Оваа година во главен фокус се природните начини на бојадисување јајца, без додатоци на било каква хемија, дури ниту боја во кесички. Денеска ви го претставуваме најубавиот начин за, на целосно природен начин да добиете виолетови велигденски јајца.
Белите јајца сварете ги на вообичаениот начин. Додадете 80гр. чај од хибискус (листови, не во кесичка) во врела вода и една лажичка оцет.

Потоа спуштете ги јајцата во садот со чајот. После три минути извадете ги и ставете ги на проѕирна фолија, а потоа завиткајте ги така со едно ливче од хибискус и оставете ги да отстојат неколку минути. Одмотајте ги и уживајте во прекрасните виолетови јајца со уникатен дезен!
Јајцата можете да ги оставите да стојат подолго во чајот (5-6 минути), па ставете ги на проѕирната фолија. Кога ќе ги извадите ќе изгледаат црвено, но како што ќе се сушат, ќе стануваат виолетови со прекрасни, единствени шари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.