Висока загаденост на воздухот во Македонија: Во Кичево девет пати над дозволеното

Загаденоста на воздухот вечерва во Македонија е на високо ниво, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk

Дозволени според закон во Македонија се 50 микрограми на метар кубен ПМ10 честички.

Според најновите измерени вредности, најмалата концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во Битола е 82 μg/m3, а највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава односно 9 пати повеќе од дозволеното е во Кичево 446 μg/m3.

Во други делови на државата, загаденоста исто така останува висока: во Струмица 118 μg/m3, во Охрид 99 μg/m3, во Кавадарци 96 μg/m3, во Гостивар 95 μg/m3, а во Битола 82 μg/m3.

Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во Кичево, каде што концентрациите се екстремно високи.

Пронајдете не на следниве мрежи: