Спасувачите го слушнале кучешкото завивање додека барале привремено засолниште за жителите кои ги загубиле домовите.
Спасувачките тимови во турскиот град Хатај извлекле живо куче под урнатините по цели 23 дена од разорните земјотреси.
Во земјотресите што во февруари ја погодија јужна Турција и северна Сирија загинаа повеќе од 50.000 луѓе, а многумина сѐ уште се водат за исчезнати. Материјалните штети се огромни, а спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат урнатините.
Станува збор за млада хаска по име Алекс, која во вторникот била извлечена од под урнатините, а видеото од спасувањето го објави новинската агенција DHA. Исто така, приказната за кучето ја пренесе агенцијата „Анадолија“.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.