Вистинскиот маж сака неговата жена да ги има овие четири работи

Иако жените мислат дека е доволно да бидат само убави, нашминкани и максимално средени и дека на тој начин ќе ги освојат сите мажи, сепак реалноста е поинаква. Не треба сите мажи да ги ставаме во исти кош. Има и такви кои имаат поинакви приоритети и кај понежниот пол бараат сосема поинакви работи.
За да го освоите неговото срце, дознајте што е тоа што тие го бараат кај дамите кои ги „одбираат“ за цел живот…
1. Независна жена
Секоја самостојна жена ќе го привлече вниманието на мажите. Не е важно дали е финансиски, станбено или емотивно поткрепена, на нив им е најважно покрај себе да имаат партнерка кој има и други квалитети и цели освен да биде во врска и брак.
Мажите исто така исклучително многу сакаат и почитуваат силен карактер на жена, која е подготвена да биде на повеќе фронтови. Тие не сакаат поради нив да ги запоставувате пријателите и семејството. 
2. Физичка привлечност
Физичката привлечност помеѓу мажите и жените не е најважна, но не може да кажеме дека не е важна. Тоа што прво ве привлекува кај некого, тоа е неговиот изглед, зарем не? Исто е и од негова страна.
Меѓутоа, овде не се работи за прва средба или прв состанок, туку за тоа дека посилниот пол многу цени кога девојката или жената покрај него, внимава на својот изглед. Постојат моменти во кои жената се запоставува, мислејќи дека мажот секако ја сака таква каква што е.
Не се залажувајте, бидете секогаш убави и на висина на задачата, бидејќи тие сето тоа го забележуваат.


3. Емотивна зрелост
Воопшто не е важно колку години имате, на нив им е важно како гледате на светот околу себе и дали сте способни да ги рационализирате работите. Ниту еден маж покрај себе не сака припадничката од понежниот пол која не го разбира, и на детски начин му префрлува работи кои наизглед се комплицирани, а всушност се многу прости.
Оние дами кои веќе имале врски, знаат што е тоа што не им се допаѓа на мажите, а што најмногу сакаат жената да прави во врската. Беспотребни испрашувања и повици кога е непотребно се нешто што навистина ги иритира.
Затоа, мажите најмногу сакаат жени кои се сигурни во себе и со кои не мора да проаѓаат низ истата „школа“ на зрелост.
4. Позитивни жени
Ниту еден човек, секако и мажите спаѓаат во оваа група, не сака личноста со која е близок – да е намуртена. Доколку подоцна во врската сте го покажале вистинското лице, не очекувајте позитивен исход. Бидете секогаш позитивни и подготвени за акција, бидете му потпора во животот, бидете покрај него секогаш и секогаш бранете го со насмевка. Тогаш ќе биде потполно ваш!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.