Вкупно 372 пациенти поврзани со ковид се лекуваат во болнички услови

Според последните статистики за состојбата со ковид-19 во земјава, бројот на заразени се искачи за точно 200 лица, а во моментов вкупниот број на ковид-дијагностицирани изнесува 11 754. Од нив оздравени се 7.622, починале 523, а активни случаи има 3 609.
Во болнички услови се лекуваат 372 пациенти кои се дијагностицирани и суспектни на вирусот. На Инфективната клиника вчера примени се четири пациенти, а вкупно хоспитализирани се 80. На кислородна поддршка се 37, а ниту еден не е на механичка вентилација.


Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и четири деца позитивни, додека тројца се суспектни на вирусот. Во ГОБ „8 Септември“ се примени девет нови, а вкупно хоспитализирани се 74 пациенти. На респираторна машина се петмина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 123 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во текот на вчерашниот ден регистрирани беа 200 случаи на ковид-19, 15 оздравени и четири починати лица, а според податоците, по Скопје, најголем број новозаразени има во Штип, Куманово, Гостивар, Тетово и Велес.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.