Похуваните тиквички можат да бидат одличен оброк. Најчесто се подготвуваат со брашно, јајца и зачини.
Ако не јадете храна од животинско потекло како јајца, можете да употребите намаз од сусам, таканаречен таан, во кој сте додале малку сок од лимон.
Наместо обично бело брашно, користете брашно од наут, при што ќе го зголемите процентот на протеини.
Потребни состојки:
400 грама тиквички
90 грама брашно од наут
3-4 лажици сечкан свеж копар
1 лажица таан намаз
1 лажица свежо исцеден сок од лимон
1 лажичка сенф
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
- Добро измијте ги тиквичките, исушете ги и исечете ги на тенки парчиња. Посолете ги и оставете ги настрана десетина минути. Потоа ставете ги во чиста памучна крпа и добро исцедете го вишокот вода