Ако ви треба брз и едноставен оброк кој ќе ве засити, а воедно и доволно сладок за да ви го подобри денот – тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.
Состојки:
– 1 јаболко
– 1 кришка тост леб
– 1 шака јаткасти плодови
– 1 лажица путер од кикирики
Подготовка:
Прво е потребно јаболкото да го пресечете на тенки парчиња кои треба да ги наредите на кришката леб.
Потоа ситно исецкајте ги јаткастите плодови и ставете ги на хартија за печење која претходно сте ја ставиле во плех.
Врз јаткастите плодови ставете го претходно исечканото јаболко.
Потоа врз кришката намачкајте една лажица путер од кикирики и таа површина превртете ја и ставете врз претходно наредените јаткасти плодови и јаболкото.
Ставете во рерна и печете додека лебот не порумени. Потоа извадете го парчето од тавата заедно со хартијата за печење, па извадете ја кога ќе го ставите парчето на чинија за сервирање.
На здравје!