Владата ги прекрсти сите институции, еве ги новите имиња

На вчерашната седница Владата донесе одлука да ги задолжи сите институции да извршат промена на јавните табли на своите влезови во однос на името на државата, согласно амандманите 33, 34, 35 и 36 од Уставот, Уставниот закон за спроведување на амандманите и Законот за употреба на јазиците.
Одлуката, како што соопшти владината прес-служба, е донесена по предлог на Меѓуресорската работна група за извршување на обврските од Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните.
Владата на седницата ги задолжи институциите да извршат и проверка дали се променети сите дигитални записи (логоа, меморандуми, електронски комуниказии, веб-странци, медиуми,…), како и меморандумите, печатените материјали, папките, индикаторите, согласно заклучоците број 4 и број 5 од 120. седница, и во рок од седум дена до Меѓуресорска работна група да достават збирен извештај дали е извршена бараната измена и до кој степен.
Во прилог на владиното соопштение, наведена е листата на институции со новиот назив. Со листата се опфатени вкупно 136 институции.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.