Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска објави дека повторно е поништен јавниот повик за финансиска поддршка на авиокомпании што беше објавен на 13 септември годинава.
На денешната прес-конференција во Владата, Сугарески информираше дека до крајниот рок е доставена само понуда од “Визер“, која не одговара на условите и критериуимите во тендерот.
Пред еден месец „Визер“ беше одбиен бидејќи не ја навел адресата, а сега е одбиен затоа што не ги запазил условите кои важат за охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“.
-Јавниот повик заврши во петокот, но комисијата за еволуација утврди дека „Визер“ како единствена нискобуџетна компанија која се пријави, според она што го понуди, не може да ги запази роковите и условите за воведување и оперирање на четири нискобуџетни дестинации од охридскиот аеродорм. Затоа дадовме препорака овој јавен повик да се поништи и оваа постапка да се обнови. Како Влада остануваме доследни на мерката за финансиска поддршка. Евтини летови ќе има, но процедурата и правилата мора да се почитуваат. Стратешки интерес е и Охридскиот аеродорм. Средствата се предвидени во Буџетот на РМ. Нов јавен повик ќе има без менување на критериумите и условите – изјави Горан Сугаревски, министерот за транспорт и врски.
Стариот договор за субвенционирање на „Визер“ му истече во јуни оваа година и цел квартал овој авиопревозник работи во Македонија без субвенционирање.?