Владата се наоѓа во распаѓање заради Договорот од Преспа, коментар на “Нова демократија“

Oд опозициската “Нова демократија“ за вчерашната владина седница, која се одржа зад затворени врати, коментираат дека нејзините членови не можат да скријат дека Владата се наоѓа во распаѓање.
– Не се има случено премиер да ги моли министрите да не го турнат, а потоа рамнодушно да ги гледа како меѓусебно се обвинуваат за да не ја загубат нивната фотелја. Доста е. Земјата не може повеќе да тоне поради нив- соопштуваат од Нова демократија.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, соопштението од најголемата грчка опозициска партија доаѓа по информациите дека грчкиот премиер Алексис Ципрас на вчерашната владина седница побарал од министрите да се обврзат дека нема да бидат причина да падне Владата. Исто така дека нема да ја поддржат евентуалната иницијатива на “Нова демократија“ за гласање недоверба на Владата поради Договорот од Преспа, но и по информациите дека несогласувањата меѓу Панос Каменос и Никос Коѕијас на министерскиот состанок прераснале во расправија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.