Панајотис Стафилос е млад човек кој ја преживеал железничката несреќа во Грција во која загинаа најмалку 50 лица. Овој млад човек имал билет за второто купе, но направил мала грешка – ги измешал бројките.
- ДУИ со писмо до меѓународната заедница пред одлуката на Уставен: Ова е линија што не смее да се премине!
- Земјотрес рано утрово ја стресе Македонија
- Станија во поза која секој маж ја посакува! Топлес горен дел, танга надолу – на ова може да се смеете
- Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Сериозна истрага не може да се спроведе за 15 дена
- Познат астролог предвидува шокантни пресврти во животот на овие 3 хороскопски знаци во ноември
Првиот и вториот вагон на возот се речиси целосно уништени во судирот со товарниот воз, изјави регионалниот гувернер. Овој млад човек, да седеше каде што треба, веројатно ќе беше мртов.
Петтиот вагон во кој случајно се наоѓало младото момче успеал да остане на патеките. Во интервју за Би-Би-Си, тој рече дека „можеби по чиста среќа или Господ“ не е меѓу повредените или загинатите во несреќата. Стафилос вели дека луѓето во неговиот воз биле загрижени по инцидентот и тој се обидел да им помогне и да ги смири.
„Прво ги скршивме прозорците, но немавме соодветни алатки за да го направиме тоа… па се обидовме да ја скршиме вратата“, рече тој.
На крајот пристигнала брза помош да им помогне. Стафилос вели дека возот доцнел околу 15 минути на станицата во Лариса пред судирот, но тој не размислувал многу за тоа во тоа време бидејќи доцнењето е вообичаено во Грција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.