ВЛЕЗЕ САМ ВО НЕПРИЈАТЕЛСКИОТ РОВ Неверојатна храброст на руски војник, во борба рака в рака застрела тројца, зароби двајца (ВИДЕО)

Веќе неколку дена на социјалните мрежи се споделува видео од подвигот на руски војник, кое предизвикува неподелена почит поради покажаната огромна храброст и пожртвуваност.

ВЛЕЗЕ САМ ВО НЕПРИЈАТЕЛСКИОТ РОВ Неверојатна храброст на руски војник, во борба рака в рака застрела тројца, зароби двајца (ВИДЕО)

Командантот на 488. јуришен одред Александар Малцев (47) бил во акција со своите соборци. Тие се приближија до украинските ровови за да избегнат непријателски артилериски оган. Но, брзо биле откриени, по што осуммина од нив биле ранети. Откако биле згрижени ранетите, Малцев отишол во непријателскиот ров.

Тој чекал околу 40 минути додека не видел прилика, а потоа влегол во ровот, застрелал три лица од непосредна близина и заробил уште двајца.

Оваа пресметка се случи на 10 март. Три дена подоцна, Александар Малцев е убиен во битка кај Соледар.

Сега се подготвуваат документи за постхумно да му се додели титулата Херој на Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.