ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се гласаат уставните измени

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ побара од претседателот на Парламентот Талат Џафери без дополнително одлагање да ја стави точката на изјаснување, да има гласање, и владеачкото мнозинство да види дека нема мнозинство и дека нема мандат да покрене уставни измени.
„Поминаа 19 дена од неуспешниот референдум на кој народот се изјасни дека нема одлука која дава мандат за уставни измени. Власта го одолговлекува гласањето затоа што се свесни дека за пратениците е поважна волјата на народот од притисоците. Бараме Талат Џафери да ја стави точката на гласање и власта да види дека нема двотретинско мнозинство за уставните измени“, порача пратеникот Антонијо Милошоски.
На прашањето дали е точно дека седуммина нивни пратеници ќе гласаат за уставните измени Милошоски изјави дека владејачкото мнозинство треба да ја стави точката на гласање и самите ќе се уверат дека волјата на народот е погласна од притисоците врз пратениците да се изјаснат спротивно на волјата на народот.
-Ние како пратеници ќе го кажаем нашиот став и ќе гласаме согласно волјата на народот, изразена преку пропаднатиот референдум и недевањето мандат за уставни измени, рече Милошоски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.