ВМРО-ДПМНЕ ги предаде граѓаните и ја изневери нивната доверба



Во фејсбук-статусот на еден од кандидатите за претседател на СДСМ и актуелен пратеник во Собранието, Венко Филипче, пишува дека допрва треба да се види каков договор се крие по синоќешното гласање за Законот за реорганизација на министерствата

По Славјанка Петровска, попладнево и пратеникот и кандидат за претседател на СДСМ, Венко Филипче, се огласи на социјалните мрежи по синоќешното гласање за Законот за реорганизација на министерствата, за кој гласаа и дел од пратениците од „Европскиот фронт“.

Филипче напиша дека партијата ВМРО-ДПМНЕ ја изневерила довербата која им била дадена од граѓаните, но и дека кампањата која тие долго време ја водеа против Демократската унија за интеграции се претворила во договор за гласање додавајќи дека цената за тоа допрва ќе се види.

„Ветувањето за помала администрација се претвори во плус четири министерства, без никаква оправданост или дебата. Целта е повторно дил за поделба на власта. Ветувањето за намалување на задолженоста се претвори во најава за земање кредит од милијарда евра. Допрва ќе видиме и зад ова каков дил се крие. Ветувањето за подобри договори во меѓународната политика се претвори во отворање на веќе затворени проблеми и прашања. Едноставно катастрофа“,

напиша Филипче.

Претходно, утринава, на социјалните мрежи се огласи и ексминистерката за одбрана и актуелна пратеничка од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска, која ја прозва ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното гласање на законските измени за реорганизација на министерствата посочувајќи дека токму партијата која победи на изборите, за само десет дена, три пати ги погазила зборот.

„Каде сте ‘патриотчиња’? Каде сте, кај отидовте? За вас плаче… На власт се, не ги барајте! ДПМНЕ + ДУИ ❤️❤️“,

пишува Петровска во објавата на Фејсбук.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: