Само народот на Република Македонија може да одлучува во каква земја сака да живее. Само народот може да одлучува дали сака суверена и унитарна Македонија која се гордее со мултиетничноста или федерализирана, бинационална држава, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со подметнати постизборни платформи изготвени и потпишани во туѓи држави.
На Република Македонија и треба обединување околу највисоките државни и национални интереси.
Јавноста секојдневно е сведок на негаторски изјави насочени кон Македонија и нејзиниот идентитет, кои доаѓаат од творецот на Тиранската Платформа, неговите министри, коалициони партнери, но и од факторот од кој ќе зависи идната Влада на Заев, Зијадин Села.
На сите овие изјави СДСМ молчи и премолчено ги одобрува ваквите политики и ставови насочени против Република Македонија.
На Република Македонија неопходно и е обединување околу највисоките национални и државни интереси.
Тоа го нуди Манифестот за Единствена Република Македонија, кој го предложи ВМРО-ДПМНЕ во интерес на државата.
Манифестот за Единствена Република Македонија повикува на национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители.
Темел на Манифестот е обединување околу државните и национални интереси и зачувување и промоцијата на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните од останатите етнички групи и заедници.
СДСМ молчи околу Манифестот кој обединува и сплотува, а прифати да ја реализира Тиранската Платформа која разединува.
Дали на СДСМ му пречат принципите за владеење на правото? Бидејќи наместо владење на правото и правната држава сакаат заробена држава под плаштот на СДСМ и нивните роднинско кумовски врски во правосудниот систем по примерите: Медарски, Бубевски и СЈО.
Дали можеби СДСМ е против спроведување на попис на население? Дали со тоа намерно се остава отворена врата на политичарите од соседството да лицитираат со бројки и да се поткусуруваат со Република Македонија.
СДСМ е против овој обединувачки Манифест, а е за Тиранската Платформа која пропагира бинационалност, двојазичности и конфедерализам.
Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправена кичма и високо изградена национална свест и чувство на грижа за сите нејзини граѓани.
СДСМ е против сплотеност и взаемен просперитет на Република Македонија и сите нејзини граѓани.
Токму затоа народот е на нозе !
Токму затоа Македонија се буди !Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Ваквата одлука народот ја носи на избори, а не со по