ВМРО-ДПМНЕ се огради од утрешните протести за името, државата и идентитетот

Партијата ВМРО-ДПМНЕ вели дека не се организатори, ниту ги поддржуваат протестите што ќе се одржат утре за зачувување на името, државата и идентитетот.
„Го почитуваме демократското, уставно загарантирано право на протест. Секој може да одлучи да организира или да учествува во кои било протести.
Во однос на протестите најавени за утре, не сме организатори, ниту, пак, стоиме зад нив.
Кога партијата ќе организира протести ќе ја информира јавноста и ќе ги повика граѓаните на масовност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Протести

Утре во 18 часот пред канцелариите на Европската Унија во Скопје ќе се одржи протест под мотото „За одбрана на името на државата и идентитетот на нацијата“.
Оттаму протестниот марш ќе се движи по булевар „Свети Климент Охридски“ и булевар „Димитрие Чуповски“ до Собранието на Република Македонија, каде што ќе има повеќе обраќања, по еден претставник од македонските заедници во Германија, Франција, Италија и Швајцарија, кои ќе го предводат маршот од ЕУ до Собранието.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.