Внимавајте како возите во Грција! Поставени 4 илјади камери

Летната сезона е веднаш зад аголот, а со тоа доаѓаат и одморите во соседна Грција.

Па затоа на ум треба да имате едно нешто: сериозно се земаат „при срце“ сообраќајните прекршоци.

Додека кај нас поставувањето на камери стана вест, нашиот јужен сосед не се шегува, па така во наредните месеци ќе бидат пуштени во употреба вкупно 4.000 нови камери!

Во грчката престолнина веќе работат првите камери кои ги препознаваат регистарските таблички на секое возило и ја снимаат брзината на движење. Камерите работат континуирано и се поврзани со Центарот на сообраќајната полиција.

Наскоро ќе се зголемат и казните за прекршоци. Ако дозволената брзина се надмине за 20 километри, сега казната е 40 евра, а над 20 километри разликата е 100 евра. Овие казни ќе се удвојат.

Треба да се има предвид дека за брзо возење на автопати, казната е веќе 350 евра!

Грција наскоро ќе воведе ограничување на брзината во градовите до 30 км/ч, по примерот на другите европски земји.

Пронајдете не на следниве мрежи: