Внимавајте на плажа: Шест туристи починаа во Грција поради топлотен бран

Поради високите температури, кои достигнуваат и до 40 степени Целзиусови, од почетокот на месецов во Грција загинаа шест туристи, а неколкумина се водат за исчезнати.

Последната жртва е 67-годишен Германец, кој бил пронајден мртов на островот Крит, соопшти денеска полицијата.

Туристот во неделата сам излегол на прошетка во кањонот, а по неколку часа и се јавил на сопругата и рекол дека не се чувствува добро.

Спасувачките екипи трагаат и по две Французинки, на возраст од 73 и 64 години, на островот Сикинос и 59-годишен американски полицаец на одмор на островот Аморгос.

Уште еден Американец беше пронајден мртов на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатата недела, а холандски турист беше пронајден мртов на егејскиот остров Самос претходно овој месец.

Пронајдете не на следниве мрежи: