Внукот на Оливер Драгојевиќ кој го наследи неговиот музички талент го чека своето петто дете една година по смртта на пејачот

Пејачот Петар Драгојевиќ (39) пред неодамна за хрватските медиуми откри дека го очекува своето петто дете со сопругата Андреа (40).
-Бебето ќе пристигне во ноември годинава, сакам деца и мојата сопруга исто така сака деца колку што ќе даде Бог, вели Петар за хрватските медиуми.


Уште пред четири години тој изјави дека има среќно семејство која му е безрезервна поддршка.
-Сопругата и јас ќе настојуваме да ги научиме нашите деца пред се да бидат добри и чесни луѓе. Како што стојат до сега работите ние сме на добар пат за тоа, вели Петар кој вели дека ужива во поминатото време со синот Давид (10), Емануел (8), Јон (6) и Дебора Марија (4), а е на пат да стане татко по петти пат.

 

View this post on Instagram

 

Familija

A post shared by Petar Dragojevic (@pdragojevic) on


Тој откри дека станува збор за девојче, а во брак со сопругата е од 2006 година откако претходно беа во врска четири години.
Инаку тој е внук од брат на легендарниот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ и ја имал честа да учи за музиката покрај еден таков чичко.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.