Откако раперот Џеј Зи беше обвинет за силување на 13-годишно девојче, на интернет почна да кружи клип од шоуто на Тајра Бенкс во 2005 година, во кој Ријана објасни што и’ рекол познатиот рапер за време на аудицијата.Имено, таа на 16 години отишла на аудиција за неговата издавачка куќа и изјавила дека била многу нервозна пред да го запознае. ,,Се тресев. Но, кога влегов во неговата канцеларија, атмосферата беше толку топла и добредојдена”, објасни таа. Ријана го заинтересирала Џеј ЗиРијана, како што рекла, пеела акапела верзија на нејзината песна Pon de Replay, а Џеј Зи и’ рекол дека неговата етикета „не потпишува песни, тие потпишуваат уметници“, но тој додал дека е доста заинтересиран за неа. Меѓутоа, она што наводно го рекол Џеј Зи потоа предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Ријана се сети на неговите зборови. „Тој рече: „Има два начина да излезеш одовде. Одиш низ вратата со потпишаниот договор или низ овој прозорец, а ние сме на 29-ти кат“, изјави таа во емисијата во 2005 година. Реакциите се поделениМногумина рекоа дека се сеќаваат на таа аудиција и дека и тогаш им звучеше многу чудно. „Тоа би требало да е шега, нели?“, „Тогаш правеа лоши работи, прашање е што сакаше да каже со тоа“, беа само дел од коментарите. Од друга страна, некои сметаат дека тој не мислел ништо лошо бидејќи во просторијата со нив биле и нивните адвокати. „Ве молам, тој сигурно не ѝ се закануваше пред пет други луѓе во собата“, „Мислам дека тој навистина го сакаше тој договор со неа и дека неговите зборови звучеа само грубо, но тој не го мислеше тоа“. напишаа тие. Џеј Зи ги негира обвинувањатаЗа потсетување, Џеј Зи е обвинет за силување на 13-годишно девојче кое наводно се случило во 2000 година. Наводно, во неа учествувал и уапсениот рапер Диди, а во тужбата стои дека во собата во тој момент била и „многу позната женска личност“.Анонимна жена тврди дека раперите ја силувале по доделувањето на музичките награди на MTV. Џеј Зи, чие вистинско име е Шон Кори Картер, тоа го негира преку своите адвокати.
Пронајдете не на следниве мрежи: