Во Африка се заразени повеќе од 84.000 лица со Ковид-19

Во земјите во Африка, 84.183 лица се заразени со новиот коронавирус, а починати се 2.739 лица, соопшти денеска огранокот на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка.
Најголем број случаи се регистрирани во Јужна Африка, 15.515 лица, а 264 лица починале од Ковид-19 во таа земја.
Највисок број на смртни случаи се регистрирани во Египет, 612 лица, а 11.719 луѓе во земјата биле заразени со новиот коронавирус. Алжир пријави 548 смртни случаи и 7.019 заразени лица, а Мароко 6.798 заразени лица и 192 смртни случаи, а Судан има 2.289 заразени лица и 97 смртни случаи. Во Нигерија се регистрирани 5.959 заразени лица, а 182 лица починале поради Ковид-19.
Вкупниот број на излекувани лица од новиот коронавирус во Африка е 32.494.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.