Во близина на градот Самсун во Турција потона брод кој пловел под панамско знаме. Според информациите на Министерството за внатрешни работи на Турција операција за спасување започнала откако бродот упатил сигнал за помош. Спасени се најмалку четири члена на екипажот, а по останатите се трага.
Според првичните информации не е познато колку членови на екипажот имало на бродот, ниту, пак, причината за несреќата.