Во Египет се урна воен авион “миг-29М“

Борбен авион од типот “миг-29М“ се урна за време на тренинг лет во Египет, објави „Спутник“. Претходно, руски медиуми објавија дека авионот е уништен. “Спутник“ соопшти дека леталото од руско производство влегло во составот на египетската армија во текот на годинава.
-Имаме оперативни податоци за падот на египетскиот миг-29М. Во блиска иднина, нашите експерти ќе одат во Египет за да помогнат во истрагата за инцидентот, информира руската компанија за производство на воздухоплови.
“Комерсант“ објави дека пилотот успеал да се катапултуира пред авионот да се урне.
И натаму е непозната причината за уште еден пад на авион „миг-29М“, кој се урна во близина на Москва за време на обука пред еден месец.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.