Виолетовиот фустан што го носеше принцезата Дајана е продаден за 604.800 долари по „жестоко наддавање“, објави аукциската куќа Сотби на Твитер.
– Фустан на принцезата Дијана на дизајнерот Виктор Еделштајн достигна цена од 604.000 долари, скоро 500.000 долари над проценката – по повеќе круга жестоко наддавање во аукциската соба, беше објавено на Твитер. Сотби нагласи дека фустанот „ја запечатил неговата судбина како највредниот фустан некогаш продаден на аукција“.