По поројните дождови во изминатите 48 часа реката Сава во Загреб се излеа од коритото, јавија хрватските медиуми. На Сава во Загреб, како и на уште неколку реки во Хрватска се воведени подготвителни мерки за одбрана од поплави.
Хрватскиот метеоролошки завод соопшти дека врнежите, кои денес се очекува да бидат рекордни за мај, ќе продолжат и во наредните денови.