Скопјанецот Џенгис Џемаил (54 години) кој денес починал во затворот “Идризово“ беше осуден за убиство на Амел Зверотиќ, затоа што го застрелал во приколка кај езерото Треска во 2006 година. Наводно Зверотиќ му должел 100.000 евра. Првично Џенгис бил осуден во отсуство на 20 години затвор, но откако бил уапсен, одново му се судело. Тогаш добил 13 години, пред само неколку дена казната му била потврдена од Апелација и од тој момент Џенгис бил во “Идризово“.
Денес додека се шетал во дворот на затворот “Идризово“, починал од срцев удар кога излегол да се прошета, пренесуваат Интернет порталите повикувајќи се на затворски извори. Според истите информации, Џенгис и претходно се жалел дека има проблеми со срцето, но наводно не добивал соодветна нега од лекар. За тоа што од ова е вистина ќе треба да објасни затворската управа, односно МВР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.