Најмалку 70 луѓе загинаа, а повеќе од 2.000 се повредени во земјотрес што ја погоди во сабота кинеската провинција Сечуан, објавија агенциите.Според податоците од кинеските сеизмолошки служби, магнитудата на земјотресот во подрачјето на Лушан била седум степени, додека американската геолошка служба соопшти денеска дека јачината на земјотресот била 6,6 степени.Локалните власти потврдија најмалку 70 загинати, а повеќе од 2.000 повредени во земјотресот. Се стравува дека бројот на настраданите може да биде поголем.До погоденото подрачје не може да се стигне по пат, телефонските линии се прекинати, а интернетот не функционира, јавуваат кинеските медиуми.Агенцијата Синхуа јави дека спасувачките екипи како и повеќе од 2.000 војници се испратени во загрозеното подрачје.Премиерот Ли Кечијанг и претседателот Си Џинпинг им наредија на надлежните и на спасувачите што побрзо да се посветат на спасување на настраданите.Во 2008 година околу 70.000 луѓе загинаа, а 18.000 исчезнаа во земјотрес со јачина од 7,9 степени кој ја погоди провинцијата Сечуан.
МакфаксНајмалку 70 луѓе загинаа, а повеќе од 2.000 се повредени во земјотрес што ја погоди во сабота кинеската провинција Сеч