Се претпоставува дека цунамито било предизвикано од ерупцијата на вулкан на остров во Индонезија. За сега има 168 загинати лица, околу 750 се повредени, а според тамошните власти 30 лица се водат за исчезнати. Уништени се стотици домови и хотели.
Судејќи според бројот на повредени и исчезнати за очекување е дека бројката на жртви ќе расте. Научници од Индонезиската метеоролошка агенција се сомневаат дека цунамито кое се случило 24 минути по ерупцијата на вулканот било предизвикано од подморско лизгање на земјиштето поради ерупцијата на вулканот Анак Кракатау кој се наоѓа меѓу островите Јава и Суматра.