Во интервју за грчка телевизија Заев изјави дека сме ја присвојувале туѓата историја (ВИДЕО)   

Заев: Светска, балканска и туѓа историја присвојувавме како своја

Премиерот Зоран Заев во интервјуто објавено на грчката телевизија “Алфа“, а направено во Скопје, три дена пред изборите во Грција говори за точките регулирани со договорот со Грција, во однос на јазикот и словенските корени.
Изјавата предизвика силна реакција на социјалните мрежи, а граѓаните му забележуваат на премиерот кој, како што пишуваат, за да им се додвори на соседите, изјави, дека сме ја присвојувале светската и балканската историја како наша, македонска.
– Во минатото обидот да се промени и извитопери нашата историја со преземање на светска, балканска и туѓа историја како наша, без да се води сметка како тоа влијае кај соседите се предизвика состојба да бидеме буквално скарани скоро со сите соседи и се затворија сите процеси за интеграција во ЕУ и НАТО – рече Заев.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK