Во Истанбул турски воен хеликоптер падна меѓу згради

Воен хеликоптер се урна во населено место во Истанбул, јавуваат турските медиуми. Најмалку четворица војници загинаа, а еден е повреден. Според првичните информации, хеликоптерот паднал меѓу две висококатници во населбата Санџактепе и се распаднал на два дела. Како што пренесуваат локалните медиуми зградите не се оштетени. Некои турски медиуми пренесуваат дека во инцидентот има повеќе повредени.
Гувернерот на Истанбул, Али Јерликаја, рекол дека се работи за тренинг-лет и дека причините за падот на хеликоптерот не се познати. Сите надлежни екипи се на терен и во тек е истрага за причините за несреќата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.