Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот

Во Кина е пуштена во употреба најбрзата интернет-конекција во светот, која има пропустен опсег од 1,2 терабајти во секунда и ги поврзува Пекинг, Вухан и Гуангжу, пренесува Global Times.

Оваа ултрабрза мрежа долга 3.000 километри станува најзначајниот дел од идната интернет инфраструктура на Кина.

Кина вртоглаво ги зголемува големината и брзината на своите интернет-инсталации.

<

Како што е наведено, до септември оваа година во земјата се изградени повеќе од 3 милиони станици за 5G со антени формирајќи ја најголемата мрежна структура во светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.