Иако многумина би помислиле дека станува збор за дваесеттите години, едно истражување покажува дека жените подоцна добиваат високо ниво на самодоверба и имаат најдобра слика за себе.
Според едно британското истражување, жените дури во триесеттите години се чувствуваат најатрактивно и најпосакувано.
Според истражувањето во кое учествувале 2.000 жени од Велика Британија, жените се сметаат себе за најпривлечни на 34 години.
Клучна улога во убавата слика што ја имаат за себе е самодовербата на која работеле изминатите години.
Исто така, повеќето жени потврдиле дека овие години им носат и поквалитетна врска, но и дека расте нивното либидо.