Во која балканска земја живеат најмногу дебели мажи?

Хрватска има најголема стапка на дебелина меѓу возрасните мажи во земјите од Европската унија.
Според Европската здравствена анкета, во Хрватска секоја втора личност има прекумерна телесна маса, односно е дебела, соопшти денеска Хрватскиот завод за јавно здравје. Во проектот на Заводот „Да се живее здраво“ се посочува дека причините за дебелина се многу покомплексни од лошите прехранбени навики и нередовна телесна активност. Тие потенцираат дека дебелината не е само лична одговорност, туку врз тоа влијаат и надворешни услови, маѓу кои и општествено-економската нееднаквост.


Заводот предупреди дека прекумерната тежина може да се поврзе со падот на очекуваното траење на живот за дури 3,5 години во следните 30 години. Дебелината е една од најголемите грижи во областа на јавното здравје во 21 век, а таа хронична болест на глобално ниво ја имаат 650 милиони возрасни луѓе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.