Во кула на „Џеваир“ се запалила кујна од стан, додека сопствениците не биле дома!

Горела од кујна во една од кулите „Џеваир“, по што настанал пожар. Ова се првичните информации од полицијата за интервенцијата во една од највисоките згради во Скопје.

„На 01.10.2023 год во 16.45 часот било пријавено дека во стан од една од кулите “Џеваир” настанал пожар во кујната, додека во него не биле сопствениците. Притоа, противпожарниот систем се активирал и го изгаснал пожарот. Повредени лица нема, а полициски службеници излегле на лице место“, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.