Во Куманово фрлени вреќи со мртви кучиња 

Денес членови на здружението за заштита на животни “Анима Мунди“ во кумановската полиција пријавиле дека во поранешната касарна во населбата “Карпош“ има вреќи со мртви кучиња. Од СВР Куманово информираат дека нивна екипа е испратена на терен и дека увидот се уште трае.
Од Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово велат дека веќе биле на местото на настанот и дека има шест мртви кучиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.