Во кутии од сладолед чувате храна? Веднаш престанете, тоа може да биде многу опасно за здравјето!

Пластичните кутии за сладолед изгледаат многу практични и многумина не ги фрлаат откако ќе ја изедат целата содржина. Убаво ги мијат и подоцна ги користат за чување на остатоци од ручек или замрзнување храна. Сепак, ваквите практики во голема мера го загрозуваат здравјето на луѓето.
Имено, празните кутии за сладолед можат да пренесат хемикалии на храната што ја чувате во нив. Во тоа се вклучуваат хемикалии како што се УВ стабилизатори, омекнувачи или супстанции кои се наоѓаат во пластика и можат да се пренесат од пластика во храна, велат експертите.
Опасни при висока температура


Производителите гарантираат безгрижна употреба и консумација на сладолед кој е во кутија, но кога ќе се испразни, кутијата мора да се фрли во ѓубре. Кутиите се особено опасни ако се мијат со топла вода или се загреваат во микробранова печка.
Тие се дизајнирани во нив да се чува сладолед и ништо друго. Затоа, немојте во нив да чувате храна што има различен состав од сладоледот и може да ја ”кородира“ пластиката. Подобро да купите специјални пластични садови направени специјално од пластика кои се безбедни за чување храна и кои можат повеќе пати да се користат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.