Воздухот во Македонија и утрово е загаден, а многу високо ниво има во скопски Карпош. Високо загадени се Струмица, Битола, Тетово и Гостивар, а за нијанса помало загадување има во Куманово, Кичево, Кавадарци, Кочани. Ниско загаден е Дебар, а многу ниско Велес, покажуваат податоците од мерните станици.
Во Карпош 4 според Мој воздух утрово има 114 ПМ на 100 микрограми воздух.
Во Битола има 110 ПМ, во Тетово 84, во Гостивар 36, во Струмица 54, во Кавадарци 42.
По синоќешното осмо место Скопје утрово е 11 најзагаден град во светот.