Вчера во 15:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на стариот пат за село Батинци, скопско, се удавило петгодишно девојче. Додека играло со други деца, а нејзините родители биле на свадба, девојчето паднало во Маркова река.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на девојчето било предадено на семејството.