Вооружени мажи нападнале два бара во градот Гвадалахара во западно Мексико, при што се убиени четири и ранети најмалку 29 лица, соопштиле во понеделникот локалните власти.Во еден од тие напади, во источниот дел од градот, вооружени мажи пристигнале во две возила, додека гостите го следеле финишот од фудбалски меч од мексиканското првенство, и еден од нив отворил оган убивајќи две и ранувајќи девет лица, прецизираа судските власти од сојузната дражва Халиско, чиј главен град е Гвадалахара.Неколку минути подоцна вооружени мажи нападнеле бар во близина и го убиле келнерот и уште едно момче, ранувајќи седум лица од кои еден малолетник.Власите не потврдуваат дека станува збор за иста група напаѓачи, како што наведуваа повеќе медиуми, кои уште наведуваат дека напаѓачите низ градот се движеле со џип а во вториот напад употребиле и бомба. Според истите извори, меѓу настраданите најверојатно има и американски државјани.Мексикански експерти велат дека промената на власта во земјата откако претседателската функцијата ја напушти претходниот претседател Фелипе Калдерон кој објави војна во 2006 година против нарко картелите, сѐ уште не резултира и со намалување на нивото на насилство во регионите во кои се активни нарко мафиите кои се борат за превласт на црниот пазар. Новиот претседател, Енрике Пена Нието вети пред изборите дека ќе ја промени тактиката за борба против криминалот и намалување на неговата стапка.Откако во 2006 година на власт дојде претседателот Фелипе Калдерон, тој им објави војна на организираниот криминал и нарко мафијата. Меѓутоа, имајќи ја предвид раширената корупција меѓу владините и полициските службеници, тој беше принуден да ја ангажира и војската, која во борбата против картелите учествтва со 50 илјади свои припадници од разни родови.Во војната од 2006-та досега во пресметките во Мексико се убиени повеќе од 50 илјади лица. Мексико е главната транзитна точка за шверцување кокаин од Јужна Америка во САД и истовремено е еден од најголемите светски производители на хероин и марихуана.Според оцените на експертите, секоја година преку Мексико во САД, Европа и Азија се пренесуваат наркотици во вредност од повеќе од 40 милијарди долари. Големата заработка и близината на богатиот американски пазар се причината за крвавите судири меѓу нарко картелите кои сакаат да имаат превласт врз шверцерските канали.
МакфаксВооружени мажи нападнале два бара во градот Гвадалахара во западно Мексико, при што се убиени четири и ранети најмалку