Во овие 4 ситуации не смеете да пиете кафе

Покрај здравствените придобивките, кафето ни дава и многу енергија, но има ситуации во кои не смеете да го пиете.
1. Ако кафето е претопло
Почекајте кафето барем малку да се олади пред да почнете да го пиете. Според новите истражувања, пиењето пијалак што е потопол од 65 степени го зголемува ризикот од рак на хранопроводот.
2. Ако страдате од анксиозност
Ако се чувствувате како да сте „на работ“ по пиењето само една шолја кафе, тогаш кофеинот може негативно да влијае на вашата анксиозност. Кофеинот има стимулативно влијание на нервниот систем бидејќи поттикнува лачење на кортизол (хормон на стрес) што може да ви го зголеми чувството на тегобите и проблемите со спиење што се најизразени кај личности што патат од напад на паники и имаат социјална фобија. За да го намалите влијанието на кофеинот, обидете се да го намалите количеството на кафе што го пиете, и последната шолја кафе испијте ја најмалку 6 часа пред спиење.


3. Ако не сте спиеле цела ноќ
Кафето може да ви изгледа како идеално решение доколку сте се разбудиле ненаспани, но тоа може да ви помогне само до одредена граница. Кофеинот престанува да биде ефективен ако три дена по ред сте спиеле помалку од пет часа. Причината е тоа што недостатокот на сон влијае на пад на вашите ментални способности што ниту една количина кофеин не може да ја поправи. Ако не успеете да отспиете барем 7 часа во текот на ноќта, подобро целосно прескокнете го кафето и ако навистина ви треба енергија, пробајте да дремнете 20-тина минути.
4. Ако сè уште не сте расонети
Пиењето кафе во 7 часот наутро нема многу да влијае на нивото на вашата енергија. Причината е во тоа што вашите хормони на стрес се на највисоко ниво веднаш по будењето поради што и природно добивате наплив на енергија. Експертите се согласуваат дека најдоброто време за консумирање кафе е некаде помеѓу 10 и 12 часот, кога нивото на кортизол почнува да опаѓа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.