Во овој случај, носењето маска e повеќе штетно отколку корисно!
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни случаи Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку тие се користат неправилно, може да направи повеќе штета отколку корист во борбата против ширењето на новиот коронавирус.
Во овој случај, носењето маска e повеќе штетно отколку корисно!
Во време кога некои земји се соочуваат со недостиг од маски, Рајан повтори дека СЗО верува дека маски треба да носат само болните за да не го шират вирусот, како и здравствените работници на кои им е маската неопходна.
Тој вели дека нема конкретни докази кои сугерираат дека масовното носење маски носи никаква корист, всушност, има некои докази што укажуваат на спротивното.
Тој, најверојатно, алудира на можноста дека некое лице, кога става или ја отстранува маската, може да го пренесе вирусот близу до лицето.
И епидемиологот на СЗО, д-р Марија ван Киве рече дека маските мора да бидат приоритет за оние кои имаат потреба, како што се медицински професионалци.
Повеќе им се препорачува носењето маски само на заболените со цел да се спречи понатамошното ширење на инфекцијата.