Осум лица, од кои четири се деца загинале во пожар во станбена зграда во градот Краснојарск во Русија, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.
Пожарот избил околу 22,30 часот по локално време на третиот кат од зградата , пожарникарите на местото на пожарот пристигнале само 8 минути по добивањето на повикот, пренесе ТАСС.
“Откако пожарот е изгаснат, пронајдени се тела на осум лица, вклучувајќи и четири деца“, изјавиле од министерството.
Анонимен извор од локалната администрација за ТАСС изјавил , дека во пожарот загинале обвинителот Василиј Федорков од блискиот град.
Анонимен извор од локалната администрација за ТАСС изјавил , дека во пожарот загинале обвинителот Василиј Федорков од блискиот град.
“Во пожарот настрадале обвинителот и неговото семејство, како и семејството на неговата сестра“, истакнал изворот за ТАСС.