Во поплавите во Индонезија, засега 73 загинати лица, а 60 се водат за исчезнати

Во поплавите, кои ја погодија источната индонезиска провинција Папуа, загинаа најмалку 73 лица, а 60 се водат како исчезнати. Спасувачките екипи се обидуваат да стигнат до оддалечените делови од провинцијата и стравуваат дека бројот на жртвите може да биде и поголем.
Поради лизгање на земјиштето и откорнати дрвја, патиштата се блокирани, а поплавите оштетија два моста и повеќе од 100 куќи. Повеќе од 4.000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.
Според жителите, силниот дожд почнал да паѓа во саботата вечерта и не запрел цела ноќ, што предизвикало лизгање на земјиште и поплави. Потрагата по жртви продолжи во Сентана, едно од најтешко погодените места. Како што информираат локалните власти во тоа место најмалку 51 лице го загуби животот. Седум лица загинаа во близина на главниот град на покраината Џајапура, а петмесечно бебе беше спасено откако неколку часа беше под урнатините.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.