Повеќе од 400 лица се хоспитализирани со повреди од поплавите што го погодија регионот Иркутск на југоисток од Сибир, изјави денеска рускиот заменик-министер за вонредни состојби Павел Беришев. До петок попладне, беа пријавени 22 смртни случаја, додека 15 лица се исчезнати.
-За жал, 22 лица загинаа, 410 се хоспитализирани, а медицинска помош беше обезбедена во амбуланти за 2.165 луѓе, рече Беришев.
Поплавите во регионот Иркутск почнаа на крајот од јуни, а досега се погодени 103 населени места. Поплавени се повеќе од 10.150 куќи со речиси 33.000 луѓе. Во регионот е прогласена вонредна состојба. Властите објавија дека нема опасност од заразни болести. (МИА)
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.