Во Прилеп, изгоре 65-годишен човек во својата гаража
Информираме дека 65 годишен прилепчанец попладнево изгоре во пожар во гаражата од неговата куќа на улицата „Никола Карев“ во Прилеп. Не се знае под кои околности се случил трагичниот настан, но од прилепското Основно јавно обвинителство потврдуваат дека најверојатно станува збор за несреќен случај при работа со запалива материја.
Околу 17 часот попладнево соседите виделе чад и слушнале викање, по што притрчале да помогнат. Телото на соседот веќе било во пламет во гаражата, го изгаснале огнот, но човекот не преживеал.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.