Во Систина откриени нови 54 позитивни на КОРОНА ВИРУС само денеска. И ова не е првоаприлска шега. Станува збор за загрижувачка бројка, која како што се чини не се поклопува со државните бројки…
Денеска (1 април) во Систина, со тестови од холандско производство, се тестирани 327 луѓе, од кои дури 54 се позитивни. Истите може секој да ги направи и чинат 1200 денари.
Од 28 до 31 март, во Систина беа тестирани вкупно 485 луѓе, од кои 34 беа позитивни. Затоа загрижува денешната бројка дополнително.
Она што загрижува е што само 20 проценти од тестираните имале некакви симптоми, како што е например зголемена темпрература. Тоа укажува дека по улиците шетаат голем број на преносители кои најверојатно не се ни свесни дека пренесуваат…
ПРОЧИТАЈТЕ УШТЕ И:
СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.