Вчера околу 14:30 часот на булеварот “Јане Сандански“ во Скопје возило “Тојота ленд крузер“ со скопски регистарски таблички, управувано од И.В.(39) од Скопје, удрило во пешакот Ц.И.(69) од Скопје.
По несреќата со возило на Итна медицинска помош Ц.И. била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Во 18:30 часот таа им подлегнала на повредите.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.