Како што дознава Курир од очевидци, вечерва во едно познато скопско кафуле била извршена рација од страна на единицата “Алфи” кои вооружени до заби еден час вршеле претрес при што било уапсено едно лице. Очевидците велат дека лицето пред да биде уапсено било физички нападнато од страна на полицијата.
Додаваат дека ситуацијата била тензична и непријатна за гостите во кафулето.