Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на Клиниката на нефрологија, Клиниката за Гастроентерохепатологија, Клиниката за Очни болести и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло.
Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 36 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 примени пациенти и 3 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 8 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 192 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има 6 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 428 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 50 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.