Снежното невреме што предизвика големи проблеми во средниот дел на САД се приближува кон Вашингтон. Невремето почна како силен дожд од Мексико, кој се претвори во снегжна вејавица и зафати регион од 2. 700 километри од Колорадо до средниот запад на САД. Најпогодени се државите Канзас и Мисури , како и делови на Ајова , Илиноис, Индијана и Охајо. Во невремето до сега во сообраќајни несреќи во државите Канзас и Мисури загинале најмалку пет лица, а десетици авионски летови од аеродромот во Сент Луис се откажани.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.